ДОМАШНА ПИТА

Состојки

За тесто:

  • 700г Сенаменско брашно
  • 380-400мл вода
  • 10г шеќер
  • 300г брашно за посип
  • 20мл масло за јадење
  • 300мл зејтин за попрскување
  • 10г свеж квасец
  • 15г сол

Фил по желба.

8

90

Подготовка

Брашното се става во сад за месење, во средината се прави мала вдлабнатина во која се додаваат квасецот и шеќерот, а околу солта и маслото за јадење. Со млака вода се раствора квасецот и полека се додава остатокот од водата. Се меси за да се соедини убаво целата маса сè додека тестото не почне да се одвојува од садот. Потоа  убаво се обработува на работната маса. Се остава да отстои 10 минути покриено. Се дели на парчиња од окоу 150г и се обликува во топчиња кои треба да одморат уште 10 минути. Работната маса се посипува со брашно и топчињата се сукаат едно по едно со посипување  со брашно, при што се развива кора. Секоја кора се прска со масло за јадење и се става фил по желба, се витка во ролат и се става во тепсија. Откако ќе се наполни тепсијата, питата од горе се попрскува со остатокот од маслото и се остава да одмори уште 10 минути. Се пече на температура од 225°С до 250°С околу 25 до 30 минути во зависност одрерната. Откако питата ќе се извади од рерната, се попрскува со малку вода и се покрива со салфета.
ШПАНСКА ПИТА

ШПАНСКА ПИТА

275 г Пченкарно брашно 4 јајца 2,5дл млеко 1,25 дл масло 1 прашок за печиво 100 г бело брашно 150 г ситно исечкана шунка 150 г ситно исечкани кисели краставички 150 г печени црвени пиперки, исчистени и ситно исечкани 100 г сланина исечкана на мали коцки малку сол

6-850
Жито Лукс рецепт – мафини за Денот на вљубените

Жито Лукс рецепт – мафини за Денот на вљубените

1225
БРЗА БИСКВИТ ТОРТА

БРЗА БИСКВИТ ТОРТА

СОСТОЈКИ 500 г Mеки колачиња со чоко парчиња 50 г исечкани ореви 2 лажички екстракт од ванила 3 лажици какао 100 мл мед 2 јајца 250 г путер

8120
МЛЕЧНА КИФЛА

МЛЕЧНА КИФЛА

1кг Екстра бело брашно тип 400 500мл млеко 40г квасец 200мл масло за јадење 100г шеќер 1 мало лажиче сол

90
Колач со кандирано овошје

Колач со кандирано овошје

225 г Екстра бело брашно тип 400 1 ќесичка прашок за печиво 150 г путер 140 г шеќер 2 јајца 100 мл млеко кандирано овошје по желба

8-1060
Жито Лукс рецепт – Солена торта со интегрален леб на парчиња

Жито Лукс рецепт – Солена торта со интегрален леб на парчиња

4-615
ВЕГЕТАРИЈАНСКА ПИЦА

ВЕГЕТАРИЈАНСКА ПИЦА

500 г Екстра бело брашно тип 400 125 мл млеко 2 лажици шеќер ½ квасец ½ печиво 1 јајце 150 мл јогурт 2 лажици масло за јадење сол по вкус За фил: доматен сос 10-тина парчиња брокула црвена пиперка 10-тина маслинки 300 г кашкавал 250 г шампињони

2270
„ПРЕВРТЕНИ“ МАФИНИ СО ЧОКОЛАДО

„ПРЕВРТЕНИ“ МАФИНИ СО ЧОКОЛАДО

За тесто: 180 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка прашок за печиво прстофат сол 60 мл врела вода 1 лажичка инстант кафе 60 г какао 60 мл кисела павлака 60 мл млеко 150 г омекнат путер 200 г шеќер 2 јајца 1 лажица екстракт од ванила За чоколадниот крем: 100 г чоколадо 100 […]

640