МИРИСЕН КОЛАЧ

Состојки

  • 250 г Екстра бело брашно тип 400
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка мелено каранфилче
  • 1/2 лажичка мелено мускатно оревче
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 јајца на собна температура
  • 150 г шеќер
  • 170 мл кисела павлака
  • кора од 1 портокал
  • 80 мл сок од портокал
  • 100 г шеќер
  • 60 мл масло за јадење
  • 150 г ореви

20

60

Подготовка

Во сад измешајте ги заедно брашното, прашокот за печиво, циметот, каранфилчето, мускатното оревче и солта. Во друг сад, изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ја киселата павлака заедно со кората од портокал и маслото за јадење. Мешајте додека сите состојки не се соединат. Додадете ги сувите состојки и добро промешајте. Додадете 100 гр од оревите и промешајте. Претурете ја смесата за колачот во тавче 20 х 20 см кое претходно ќе го премачкате со путер или масло за јадење. Исечкајте ги останатите ореви и нанесете ги врз смесата за колачот. Печете го колачот во загреана рерна на 160 степени, околу 35-40 минути. Подгответе сируп на тој начин што во тава на оган ќе го загреете сокот од протокал заедно со 100 гр шеќер. Оставете да врие околу 5-6 минути. Кога колачот ќе биде готов, полејте го со глазурата неколку пати за убаво да се впие внатре.
ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

СОСТОЈКИ 1 пакување Kолачиња со какао и чоколадни парчиња 100 г кокос 3 лажички какао 5 лажици мед 5 лажици растопен путер или маргарин прстофат сол 1 лажичка кафеав шеќер сок од свеж портокал околу 10-30 мл шеќер во прав за декорација

3030
ЧОКОЛАДНО СУФЛЕ

ЧОКОЛАДНО СУФЛЕ

2 лажици Екстра бело брашно тип 400  1 лажица путер 4 лажици шеќер 1 жолчка 100 г чоколадо за готвење со мин. 60 % какао маса 3 лажици путер 1 лажичка екстракт од ванила прстофат сол 2 белки 50 г шеќер ½ лажичка алкохолен оцет

425
КИШ СО ПРАЗ И КАШКАВАЛ

КИШ СО ПРАЗ И КАШКАВАЛ

За тесто: 250 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 125 г путер 60 мл вода 1 јајце За фил: 250 г праз 2 лажици путер 150 г рендан кашкавал 360 мл неутрална павлака 4 јајца 1 лажица сол

6-8180
Жито Лукс рецепт – ролат со цимет

Жито Лукс рецепт – ролат со цимет

8
АМЕРИКАНСКА ПИТА СО ПРАСКИ

АМЕРИКАНСКА ПИТА СО ПРАСКИ

300 г Eкстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 3 лажички шеќер 250 г омекнат путер 80 мл студена вода За фил: 5 свежи и тврди праски 3 лажици шеќер 2 лажици пудинг од ванила

4-680
Бела магија

Бела магија

За пандишпан: 15 лажици Екстра бело брашно тип 400 1 ќесичка прашок за печиво 5 јајца 15 лажици шеќер 15 лажици масло 15 лажици млеко 1 ќесичка ванилин шеќер За фил: 250 мл слатка павлака 1 ќесичка желатин 1 лажичка екстракт од ванила 200 г јагоди

8-1075
ШПАНСКА ПИТА

ШПАНСКА ПИТА

275 г Пченкарно брашно 4 јајца 2,5дл млеко 1,25 дл масло 1 прашок за печиво 100 г бело брашно 150 г ситно исечкана шунка 150 г ситно исечкани кисели краставички 150 г печени црвени пиперки, исчистени и ситно исечкани 100 г сланина исечкана на мали коцки малку сол

6-850
РОЛАТ СО ОРЕВИ

РОЛАТ СО ОРЕВИ

За тестото: 600 г Екстра бело брашно тип 400 200 мл млеко 1 квасец 3 лажици шеќер прстофат сол 4 жолчки 200 г путер екстракт од ванила жолчка за премачкување За филот: 300 г мелени ореви 4 белки екстракт од ванила 5 лажици шеќер

8-10140