ЛИСНАТИ ПОЛЖАВИ

Состојки

  • 300 г Екстра бело брашно тип 400
  • 150 мл вода
  • 120 г растопен путер
  • 1 лажица сол

За смеса со путер:

  • 180 г Екстра бело брашно тип 400
  • 400 г путер

За филот:

  • 200 г парчиња кашкавал
  • 200 г парчиња шунка
  • 50 г сечкани ф’стаци
  • 100 г доматен сос
  • 1 јајце за премачкување

8-10

300

Подготовка

Брашното, водата и растопениот путер се мешаат за да се добие меко тесто кое се остава во ладилник 2-3 часа. Се мешаат брашното и путерот за да се добие тесто, кое се става помеѓу две хартии за печење за да се оформи квадрат. Се остава во ладилник 20 минути за да се стегне путерот. Првото тесто долгнавесто се расукува, а потоа и мрсното тесто во иста форма и должина. На работната прво се става мрсното тесто, па врз него првото тесто. Се преклопува 3 пати и се остава да одмори 1 час во ладилник. Од вака добиеното тесто се расукува долгнавеста кора која се преклопува на половина, па уште еднаш на половина. Се остава во ладилник 1 час. Постапката се повторува уште еднаш. Од добиеното лиснато тесто се формира долгнавеста кора со дебелина од 0,5 см. Кората се премачкува со доматниот сос и се редат парчињата шунка и кашкавал и се наросува со сечканите ф'стаци. Кората се витка во ролат од едната страна до половина, па од другата страна до средината. Со нож се сечат парчиња кои се редат во плех и се печат на 200°С, 15-20 минути.
ПОЛНЕТИ ЛАЗАЊИ

ПОЛНЕТИ ЛАЗАЊИ

За тесто: 200 г Екстра бело брашно тип 400 2 јајца прстофат сол За фил: 300 г брокула исечкана на мали парчиња 100 г рендан кашкавал 30 г рендан пармезан 200 мл неутрална павлака за готвење 3 парчиња сардини ситно исечкани 50 г исечкани кикирики 3 лажици маслиново масло 2 чешниња лук, сечкан свеж магдонос […]

2-345
Жито Лукс рецепт – Солена торта со интегрален леб на парчиња

Жито Лукс рецепт – Солена торта со интегрален леб на парчиња

4-615
ПОСЕН ТАРТ СО ЗЕЛЕНЧУК

ПОСЕН ТАРТ СО ЗЕЛЕНЧУК

250 г Екстра бело брашно тип 400 1 лажичка сол 125 г маргарин на собна температура 70 мл вода За фил: 2 тиквички 2 модри патлиџани 1 домат 200 г свежи шампињони 400 мл доматен сос 1 главица кромид 2 чешниња лук сол и мелен црн пипер по вкус

4-660
БЛАГИ МЕКИЦИ

БЛАГИ МЕКИЦИ

250 г Екстра бело брашно тип 400 1 ќесичка сув квасец 1 лажичка сол 3-4 лажици шеќер 2 лажици маргарин или 5 лажици масло за јадење 170 мл млака вода

850
ЦЕЗАР САЛАТА

ЦЕЗАР САЛАТА

2 парчиња Пченичен двопек 200 g бело пилешко месо (стек) 30 g пармезан 3 чешниња лук зелена салата 2-4 чери домати сок од 1 лимон павлака мајонез маслиново масло сол бибер

220
СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СЕНДВИЧ РАЖЕНЧИЊА

СОСТОЈКИ 1 пакување Интегрален леб со микс од зрна неколку шери домати парчиња кашкавал мисиркина мартадела свежи листови марула

4-615
КУГЛОФ

КУГЛОФ

500г Пекарско брашно тип 500 150мл масло за јадење 4 јајца 300г шеќер 150мл млеко 25г какао 1 ќесичка ванилин шеќер 1 ќесичка прашок за печиво рендана кора од лимон

8-1080
Жито Лукс рецепт – Торта со моркови

Жито Лукс рецепт – Торта со моркови

845