ЧОКОЛАДЕН РОЛАТ СО ФИЛ ОД ТИКВА

Состојки

За ролат:

  • 100 г Екстра бело брашно тип 400
  • 25 г какао
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 4 јајца
  • 150 г шеќер
  • 2 лажици млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила

За фил:

  • 200 г пире од тиква
  • 120 г путер на собна температура
    300 г шеќер во прав
  • 1 лажичка цимет
  • неколку капки портокалова боја

За чоколадна глазура:

  • 150 г чоколадо
  • 6 лажици млеко
  • изматена слатка павлака за декорација.

12

50

Подготовка

Најпрво изматете ги јајцата заедно со шеќерот, а потоа додадете го млекото, ванилата и сувите состојки и се заедно измешајте. Смесата претурете ја во плех обложен со хартија за печење и печете ја кората околу 15 минути во загреана рерна на 170 степени. Тестото префрлете го на кујнска крпа наросена со шеќер во прав и превиткајте во ролат. Оставете да се излади за да може ролатот полесно да се витка. За филот: во сад со електричен миксер изматете ги заедно путерот, шеќерот во прав, циметот и пирето од тиква. Додадете и портокалова боја и убаво изматете. Филот нанесете го на изладената кора и повторно виткајте во ролат. Одозгора направете чоколадна глазура на тој начин што ќе ги растопите на пареа чоколадото и млекото. Оставете да се стегне и декорирајте со изматена слатка павлака.
ЦВЕТНИ СЕНДВИЧИ

ЦВЕТНИ СЕНДВИЧИ

1 пакување Бриош леб путер мармалад или џем

420
БОЖИЌНИ КОЛАЧИЊА

БОЖИЌНИ КОЛАЧИЊА

240 г Екстра бело брашно тип 400 1 ½ лажичка прашок за печиво 1 ½ лажичка сол 70 г шеќер во прав 120 г омекнат путер 400 г шеќер 250 г растопена чоколада со минимум 70 % какао 1 лажичка еспресо 3 јајца 1 лажичка екстракт од ванила

8-1085
Колач од ванила и портокал

Колач од ванила и портокал

За пандишпан: 180 г Екстра бело брашно тип 400 2 лажички прашок за печиво 1 лажичка сол 250 г путер 250 г шеќер 4 јајца екстракт од ванила кора од 1 портокал 240 г  кисела павлака За глазура: 2 портокали, 150 г шеќер, 60 г вода.

8-1060
ТАРТ ОД ЈАБОЛКА И ЦИМЕТ

ТАРТ ОД ЈАБОЛКА И ЦИМЕТ

За бисквит основата:  250 гр изблендирани Колачиња со чоколадни парчиња и лешници 80 гр омекнат путер 2 лажици шеќер 1 пакетче цимет За фил:  350 мл млеко со ниска масленост   6 жолчки  150 гр мед  ½ лажичка сол  1 лажичка екстракт од ванила За декорација: 2 јаболка исечкани на тенки ливчиња (се чуваат во лимонова […]

850
Отворен сендвич со пиперка и топен кашкавал

Отворен сендвич со пиперка и топен кашкавал

8 парчиња Интегрален леб со микс од зрна 1 зелена, 1 портокалова и 1 црвена блага пиперка, ситно исечкани 100г Гауда кашкавал, исечен на коцки 2 лажици ситно исечкани маслинки ситно сечкан свеж магдонос сол и свежо мелен бибер

420
ЛАЗАЊА

ЛАЗАЊА

За лазања листови: 200 г Екстра бело брашно тип 400 2 јајца 2-3 лажици маслиново масло сол по вкус За сос: 1 главица кромид 400 г мелено месо 2 чешниња лук ситно исечкани (по желба) 200 мл доматен сос 1 50 мл бешамел сос со кашкавал маслиново масло по вкус 50 г путер сол и […]

4-6150
СОЛЕНА ДВОПЕК-ТОРТА

СОЛЕНА ДВОПЕК-ТОРТА

‘Ржан двопек (потребно е едно цело пакување и уште 1/4 од друго пакување) 200 g мајонез 2 павлаки 5 јајца 200 g  шунка 100 g кечап 300 g сирење или кашкавал 8 кисели краставички

5-640
БИСКОТИ

БИСКОТИ

230 г Екстра бело брашно тип 400 150 г шеќер 120 мл масло за јадење 2 јајца кора од 1 лимон неколку капки екстракт од бадем 100 г цели бадеми 100 г суво грозјe 2 лажички прашок за печиво малку сол 1 јајце, изматено за премачкување

680